Позната е причината за пожарот во Чаир

Густ чад кој се ширел преку системот за вентилација и окното на лифтовите ги разбуди жителите на станбената зграда во Чаир. Синоќа околу два часа по полноќ се запалила пластика во еден од подрумите кој се користел како магацин. Жители од пониските катови се спасиле трчајќи надвор, оние пак од повисоките катови на покривот чекале пожарникари да ги евакуираат.

Пожарникарите на терен, се евакуираа жителите

Пожарникарите од утрово, па и сега се уште се на терен. Евакуирани се повеќе од стотина луѓе.

Пожар во станбена зграда во Чаир, најмалку шестмина се повредени

Во продолжение може да го погледнете видеото.

Проблеми со дишењето

Триесетина возрасни и уште 12 деца се пожалиле на проблеми со дишењето. За среќа ниту еден од станарите не се здобил со изгореници.

Деветкатницата е сместена во густо населена урбана средина. Пајак службата дислоцираше паркирани возила, за да можат пожарникарите да пристапат.

Изгореа залихи за позната скопска продавница

Опожарени се 1.000 метри квадратни простор кој се користел за складирање на залихи на позната скопска продавница.