Америиканската амбасадорка Аџела Агелер пор5ача дека уставните измени треба да се донесат до крајот на годината, во одговор на новинарско прашање. Таа денес заедно со министерката за одбрана Славјанка Петровска присуствуваше на отворениот ден во Кавадарци, како дел од вежбата „Без одговор23“.

„Нема да навлегувам и да ја толкувам изјавата на сенаторот Марфи, меѓутоа, сметам дека неговата поента беше важна. Сметам дека е важно да се донесат тие тешки одлуки до крајот на годината, затоа што, доколку тоа не се направи, сигурно ќе има луѓе во САД, во Белата куќа, во Капитол, кои ќе се прашаат колкава е посветеноста на вашата земја во однос на евроатланските интеграции и европскиот пат. Затоа јас едноставно не би сакала да ја толкувам неговата изјава, но ја поддржувам и ја разбирам“, рече Агелер.

Сенаторот Марфи во петокот беше во посета на Македонија и рече дека недонесувањето и неспроведувањето на уставните измени ќе влијае на односите меѓу двете земји.