Љутков: Владата не дава поддршка ни инвестиции за општините, граѓаните се незадоволни од ваквиот однос, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ со сите сили се обидуваат да решаваат проблеми

Денеска сме повторно во Општина Зелениково, ги посетивме Ново Село, Пакошево и Страхојадица, генерално жителите од овие населени места се незадоволни од односот и третманот на владата, изјави членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Љутков од теренската активност „Ова е Македонија за сите“

Како што посочи Љутков, од владата нема никаква поддршка за поголеми проекти и инвестиција во општина Зелениково.

– Немаат квалитетни сообраќајни решенија, се жалат на дека инфраструктурни проекти зависат од централната власт, рече тој.

Љутков додаде дека единствено добро е што Зелениково има градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ кој со сите сили се обидува да решава проблеми на граѓаните.

– Градоначалникот Коста Манев со сите сили се бори тие проблеми да им ги надополни и реши, и по тоа се гледа дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, повеќе работат. Овој нов уреден парк е дело на општинската власт предводена од градоначалникот Коста Манев, истакна Љутков.