Турист загинал откако бил нападнат од ајкула во водите крај Нова Каледонија во јужниот дел на Пацификот, јавија локалните медиуми, пренесува „Си-Ен-Ен“.
Мажот, кој потоа беше објавено дека е турист од Австралија и имал 59 години, пливал во близина на плажата Шато-Ројал во главниот град Нумеа кога ајкула го нападнала околу 16 часот по локално време.
Иако две лица го извлекле мажот, тој не ги преживеал повредите, пренесуваат медиумите. По трагичниот настан, властите ги затвориле плажите во Нумеа, популарна дестинација за меѓународните туристи на француската прекуморска територија.
„Пливањето и наутичките активности се затворени во 300-метарскиот крајбрежен појас до понатамошно известување“, се вели во соопштението на градскиот совет на Номеа. По нападот беше активирано и убивање ајкула, додаде Нова Каледонија 1.
A 59-year-old Australian man was killed in a shark attack during his holiday in New Caledonia l @KeziaDawn pic.twitter.com/rD6IP9NZDx
— 10 News First (@10NewsFirst) February 20, 2023