По Волос, ајкула е видена во друго грчко одморалиште. Имено, случајни минувачи ја снимиле во Глифада.

На социјалните мрежи се појави видео од ајкула како плива кај пристаништето. Таа залутала во плиткото, видно дезориентирана.

Да потсетиме, во неделата во Волос, кај пристаништето е забележана ајкула долга 3,5 метри.