Вечерва тимот на Еурофарм Пелистер го пречека Кил, каде на крајот загубија во тесна завршница од фаворитот. Но, битолчани вечерва покажаа борба, а сепак ракометот за многумина беше во втор план по прекрасната изведба на „Ако одам во Битола“ пред почетокот на натпреварот.
Навивачката група на Еурофарм Пелистер, „Чкембари“, денеска го слави својот 38 роденден, кој беше одбележан со кортео низ Широк Сокак.
Натпреварот од Лигата на шампионите во преполната сала „Боро Чурлевски“ ќе се памти по оваа изведба каде ечеше неофицијалната химна „Ако одам во Битола“. Погледнете го видеото ТУКА.