Вчеравечер во фантастична атмосфера во салата „Боро Чурлевски“ во Битола домашниот Пелистер го совлада ривалот Вардар и со една рака ја држи титулата шампион на Македонија. „Зелено-белите“ направија огромен чекор напред и треба само да го доодат патот до тронот.

Во салата атмосферата беше жестока, трибините исполнети, а пред мечот навивачите во еден глас ја испеаја култната „Ако одам во Битола“. Како тоа изгледаше погледнете во видеото.