Кога полицијата го забелешала Калошевски како ја снима дискусијата помеѓу пратеникот и полицијата таа го уапсила при што тој добил удар во слабината и му биле ставени лисици на рацете.
Тој потоа беше одведен во полициска станица, а набрзо потоа под притисок на јавноста, присутните и пристигнувањето на лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски на блокадата кај Мавровка беше ослободен.
Kaлошевски ексклузивно за Инфомакс истакна дека во полициското комбе бил тепан и навредуван, а неколку удари во слабината и главата добил при самото приведување и ставање на лисици.