Американската амбасада донираше оперативно возило за потребите на Црвениот крст. Возилото претставува комуникациски мобилен центар и ќе овозможи справување и брзи и ефикасни одлуки за делување во кризни состојби. Ќе помогне за поврзување со сите институции вклучени во системот за кризен менаџмент, како и со мобилните тимови на терен.

„Среќна сум што можеме конечно формално да ја доделиме оваа донација, мобилен оперативен центар. Амбасадата на САД работиме Македонија да добие уште мнгу вакви возила, кои ќе помогнат да да се менаџираат кризите. Се надевам дека сфаќате колку е важно да се менаџериаат кризите. Сите знаете од минатат година со пожарите колу вакво нешто беше потребно, и сега ми е чест што можеме да предадеме едно вакво возило кое ќе биде од корист на сите граѓани“, изјави Агелер.

Погледнете ги изјавите на првите лица од Црвениот крст, Стојанче Ангелов како претставник од ЦУК и американската амбасадорка Ангела Агелер.