-Недомаќинското работење на власта нема граници. Трошат пари на граѓаните и плаќаат и до 100 пати поскапи цени за набавки преку тендерите кои што секако знаете дека ги местат. Најочевиден пример се набавките во Аеродром каде што Златко Марин дава 350 евра за едно дрвено столбче со должина 1 метар, 46.000 денари за една сијалица, 16.000 денари за обрач за кош. И од месечината се гледа дека цените се преплатени, и тука некој дебело заработува. По тој некој знаете на кого мислам, тоа е градоначалникот, истакна Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
-Ист е примерот и со набавката на компјутери за УЈП каде се набавуваат компјутери и по цени од 2.500 евра. Дали УЈП е НАСА или некоја лабораторија или некој нема усул кога станува збор за парите на народот? Ваквиот пример за набавки го почна Петре Шилегов кој за една противпожарна скала плати дупло повеќе од тоа плаќа еден град како што е Загреб.
Значи немање допир со реалноста е и последната набавка на возила на владата. Дали за моменталните возила не се доволно добри или по секоја цена министрите на Зоран Заев мора да се возат во нови луксузни лимузини?
Овие набавки се потценување на народот. Исмејување на напатениот народ во лице. Ова е навистина срамота и за сето ова недомаќинско работење еден ден одговорност ќе има, посочува Арсовски.