Овој викенд во Берово се одржува Меѓународниот турнир во пинг понг “Зегин Опен 2024”, голем турнир на кој учество земаат натпреварувачи од целиот свет.

Денес на програмата е вториот натпреварувачки ден, а Спортска Мрежа ви ја носи атмосферата од Берово.

Натпреварите се играат во Спортската сала “Македонски Бранители” во Берово, а турнирот беше отворен со натпреварите на кои настапија ветераните, па уште еднаш се потврди дека овој спорт не познава граници кога се во прашање годините.