Претседателот на Стопанската Комора на Македонија смета дека државниот буџет треба да има милијарди во него за да може да створи олигарси како во Русија, коишто ќе влијаат на раководството да се носат прописи коишто ќе ја подобруваат нивната позиција и екстра заработувачка.
Тој тоа во Македонија не го гледа.
,,Јас гледам една друга ситуација во којашто меѓу бизнисот не владее единство како што треба да се очекува, затоа што ако владее ќе бевме уште понапред од ова и се должи на дисциплина олимпијска за нас. Прва дисциплина олимпијска ако има после ние ќе видиме со прв златен медал на олимпијади. Тоа се вика завидл’к. Јас не знам во оваа држава дали има некој што на другиот не му завидува. Сите мислат дека другот што работи е попрофитабилно, дека он ужива некои привилегии,
само овој се ужива, дека се некој дава на некои други, тебе не”, вели Азески во подкаст.
Азески мисли дека терминот олигарх кај нас не е адекватно потребен, ниту може на големината и силината на државата да претставува некаков пандан.
Видеото на овој линк
https://www.instagram.com/reel/DbutNHnud8c/?igsh=anZoZ3lsYnBva2d5
