„Фијаското со вакцините коешто се случува, е фијаско за коешто некој треба да одговара. Имаме најмалку вакцинирани во светот и најмногу умрени во светот. Мислам дека ќе беше најдобра варијанта да ги набавеа оние вакцини коишто ги нарачаа, но очигледно не ги набавија. Па во момент повлекуваат капар, даваат капар, нарачано е, не е нарачано итн. Ни се случува фијаско, апсолутно фијаско коешто е лошо за државата и фијаско кошето го плаќаме секој ден со изгубени животи. Истовремено, она што може да се констатира е дека сите балкански држави водат сериозни политики. Само во Македонија има премиер којшто служи за мајтап“, рече Ѓорчев.
Тој направи споредба на работата на Заев со работата премиерите од соседните земји и од регионот и заклучи дека светот оди напред, Балканот оди напред, само Македонија е црна дупка.
„Не така одамна Македонија на листата на „Дуинг бизнис“, за време на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, листата на Светска банка беше во првите 10 земји во светот, први пет во Европа, сега сме во се најлоши. Сега Бангладеш има 3 и пол милиони вакцини ние имаме една кутија со молење и просење“, рече Ѓорчев.