– Да, слушнав, има посебен смисол за хумор Зоран Заев ама не сфаќа дека така си прави на самиот себе бељи и проблеми. Зошто? За тоа што ако е така и ако ја имал таа информација значи дека е соучесник во бегството и помагател. Денеска за тоа треба да го уапсат, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување во „Радио Лидер“.

Тој додаде дека ги охрабрува институциите веднаш да го приведат и да го распрашаат, да видат од каде Заев ја има таа информација. И зошто не ја споделил таа информација со надлежните институции.

– Вака излегува дека и Заев е виновен. Мислам дека денеска ако не постапи МВР на Спасовски или обвинителството на Јовевски и Русковска, или пак судството брендирано како Кацарска судство или во случајот Џорлев, тогаш тие исто така се соучесници во сета оваа шарана, истакна Мицкоски.

Целото гостување на Мицкоски може да го погледнете во продолжение.