По примениот гол и предноста на Италијанците на стартот од второто полувреме преку Чиро Имобиле, Македонија атакуваше кон израмнување.
Енис Барди постигна прекрасен гол од слободен удар во 81. минута од натпреварот за израмнување на Македонија на 1-1 против Италија.
Претходно Елмас беше фаулиран, а главниот судија покажа дека има прекрасна шанса за Македонија.
Барди, играчот на турскиот клуб Трабзонспор од околу 20 метри фантастично стрелаше во мрежата на еден од најдобрите голмани на светот, Џанлуиџи Донарума.
Голот на Енис Барди можете да го погледнете на видео записот:
GOAL!! BARDHI HAS EQUALIZED WITH A GREAT FREE KICK FOR NORTH MACEDONIA 🇲🇰 #Euro2024Qualifiers
— Reyi (@Reinaldodcg9) September 9, 2023