Крајбрежни поплави поради покачено ниво на морето
Далмација се разбуди со морска вода во подрумите и со импровизирани барикади на праговите, откако југоисточниот ветер го покачи нивото на морето и предизвика крајбрежни поплави. Водата навлегла во повеќе објекти долж брегот, а дел од зградите останале недостапни сè до повлекување на морето.
Најпогодени жителите на Каштела
Најсилен удар, според информациите од терен, почувствувале жителите на Каштела, а особено во Каштел Нови. Пожарникарите примиле околу 50 пријави за навлегување на морска вода во куќи, ресторани и други објекти покрај брегот, при што интервенциите биле возможни само на локации подалеку од морето.
Погледнете повеќе од видеото:
Бурата донесе бессона ноќ
Според жителите, морето влегло во повеќе згради, а граѓаните си помагале меѓусебно, при што и оние што не живеат непосредно покрај морето се спуштале да им помогнат на пријатели и роднини. Бурата започнала околу 20 часот, со налети на ветер до 60 километри на час и температури околу 10 степени. Многумина ја поминале ноќта без сон, редејќи вреќи и импровизирани прегради за да ја задржат водата.
