Премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на државата Стево Пендаровски синоќа ги примија лидерите од регионот на работна вечера пред нивната денешна средба посветена на Отворен Балкан.
Покрај лидерите од регионот, на средбата присуствуваа и помошник-државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Џејмс О’Брајан, како и синот на филантропот Џорџ Соросм Алекс Сорос. Изненадувачки, иако не се регионални лидери, на средбата присуствуваа и Артан Груби и Али Ахмети.
Извор од кабинетот на Пендаровски за Радио Лидер открива детали од вечерата, на која Пендаровски и Ковачевски имале излагање во кое побарале помош од балканските лидери пред претстојните избори.
– Ковачевски и Пендаровски, најмногу Пендаровски, предупредуваше дека на наредните избори ќе се случи голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и побара помош за намалување на резултатот на Мицкоски. Еди Рама и Алекс Сорос му дадоа поддршка и го прифатија неговото барање дека сите Албански партии и СДСМ треба да застанат позади еден кандидат на претседатекските избори. – вели нашиот извор од претседателскиот кабинет.
Погледнете го видеото од утринското издание на „Еспресо со Златев и Боцевски“ во кое беа разработени сите детали.
Пендаровски најавил дека ако ДУИ излезе со кандидат, тој нема да се кандидира
Останатите присутни во најголем дел го одмолчиле барањето на Пендаровски, но никој не изразил незадоволство дека претседателот можеби претерува што на ваква меѓунареодна вечера изложува домашни проблеми.
– Следуваше и момент на вистината, во кој претседателот јавно призна дека доколку во првиот круг на претседателските избори ДУИ и Албанската опозиција имаат свои кандидати, тој нема да прифати кандидатура и постои ризик ВМРО-ДПМНЕ да освои 61 пратеник. – вели нашиот избор.
Како што дознаваме од брифингот, ваквиото барање на Пендаровски било првенствено упатено кон Албин Курти од кој СДСМ минатата недела побара да ја убеди албанската опозиција да нема кандидат на претседателските избори и да го поддржи него. За сега, Курти гледа резервирано кон ваквите барања.
Според нашиот извор, во кабинетот се коментирало дека е разбирливо тоа што никој не му противречел на Ковачевски, затоа што на сите во регионот им одговара слабата позиција која Македонија ја има во моментов и доколку има нова власт истата може да се смени што ќе ги загрози интересите на Албанија, Косово и Србија.
Можна ли е дестабилизација?
Овој развој на настаните создава ризик дека СДСМ сака по секоја цена да го загрози изборниот процес. Веќе беше најавено дека ќе се случи правен преседан и опозицијата ќе биде исклучена од техничката влада, дополнително барањето сите албански партии да го поддржат него, значи дека постои ризик пред изборите власта да подготвува и некаква етничка дестабилизација.
Останува да видиме како ќе се однесуваат помалите партии од македонскиот политички блок. Доколку сите албански партии застанат позади Пендаровски и СДСМ (пред или по првиот круг на изборите), останува на тоа дека секој глас даден за помала политичка партија значи поддршка на оваа оска.