Неапол утрово беше сцена на тепачки меѓу навивачи, неколку часа пред дуелот Наполи – Спортинг од второто коло на Лигата на шампионите.

Група хулигани на италијанскиот клуб први нападнаа навивачи на португалскиот тим, но наидоа на жесток отпор. Судирот траеше неколку минути по улиците на градот, при што, иако во бројна предност, дел од навивачите на Наполи решија да избегаат кога проценија дека ситуацијата може да им излезе од контрола.

Полицијата пристигна дури откако тепачката заврши, без да се вмеша во самите судири. Натпреварот меѓу Наполи и Спортинг започнува вечерва во 21:00 часот.