Денеска полициски единици од САЕ „Тигар“ и ОВЕ извршија спасување на повредено лице на Шар Планина во реонот на Гостивар, користејќи хеликоптер Бел 412, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според МВР, по добиена пријава дека возило се превртело и дека А.Џ. се здобил со повреди, екипите веднаш се упатиле кон местото на настанот. Повреденото лице е безбедно превезено до Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош.