Спасувачите извлекоа живо куче од урнатините во провинцијата Хатај во Турција.
Хаскито кое го нарекоа Алекс, поминало 23 дена под урнатините.
Тамошните медиуми пишуваат дека кучето генерално е во добра состојба, иако многу ослабело.
Спасувачите го слушнале додека барале место за привремено да ги засолнат жителите кои останале без своите домови.