Во СВР Скопје околу 22.00 часот е пријавено дека на паркинг кај раскрсницата од булеварите „Босна и Херцеговина“ и „Христијан Тодоровски-Карпош” од едно патничко возило биле испукани проектили кон патничко возило ,,голф”, во кое имало две лица, по што биле пренесени во Комплекс клиники “Мајка Тереза” за укажување на лекарска помош.

Едното лице им подлегнало на повредите. Увидна екипа е на терен и се работи на расчистување на случајот.

Лицето е убиено од заседа додека било во својот автомобил, велат очевидци. Неофицијално станува збор за извесен Камбер.

Полицијата е на терен и за подоцна најави повеќе информации.

Во СВР Скопје околу 22.00 часот е пријавено дека на паркинг кај раскрсницата од булеварите „Босна и Херцеговина“ и „Христијан Тодоровски-Карпош” од едно патничко возило биле испукани проектили кон патничко возило ,,голф”, во кое имало две лица, по што биле пренесени во Комплекс клиники “Мајка Тереза” за укажување на лекарска помош. Едното лице им подлегнало на повредите. Увидна екипа е на терен и се работи на расчистување на случајот, велат од МВР за ТВ21.