По направен тест на интелигенција, откриено е дека Каше има IQ 146 и стана најмлад член на американската МЕНСА. За да бидат нештата појасни, од здружението нагласуваат дека вообичаено Американците имаат IQ 100. Сите оние што освоиле од 130 до 132 се сметаат за мошне надарени и се во врвните 2% од популацијата.

Како што раскажува нејзината мајка Сукхџит „Сју“ Атвал, на возраст од 16 месеци Каше веќе препознавала одредени зборови што се вообичаени (the, it, a …). Таа треба да го прослави третиот роденден следниот месец, а веќе може почетнички да чита.

Исто така, Каше веќе знае 50 знаци од знаковен јазик, може да ги именува државите според нивниот облик, а истовремено учи да говори на панџаби и шпански.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kashe Quest (@kashequest)