Околу договорот со Бугарија тој вели дека најлошо е тоа што тие, мислејќи на Бугарите, не признаваат дека кај нив имало фашизам.

– Вие денес не можете да преговорате за историјата односно за јазикот и идентитетот и мора да направите црвена линија до каде може да се оди, вели Димитровски за Радио Лидер.
Со него се дискутираше и на темата СЈО. Гостинот Димитровски вели дека сите кои оделе по улиците со маичките СЈО станале мајмуни. Според него СЈО требало да биде ликот на правдата во Македонија, а наместо тоа се случило фијаско.

Тој исто така зборуваше и за медиумите и вели дека најголемиот медиумски мрак Македонија го има доживеано во деведесетите години.

Целото интервју можете да го погледнете тука.