Не е прифатен поднесениот Амандман за формирање Интервентен фонд од 5 милиони евра за потребите на македонските земјоделци, а поднесен од опозицијата, напиша на социјалните мрежи пратеникот Љупчо Димовски, екс министер за земјоделство.
Епилогот од гласањето е очекуван и познат, 8 гласа на пратениците од мнозинството „Против“ предложениот Амандман и 5 гласа „За“ на пратениците од опозицијата и Коалицијата „Обнова на Македонија“, како уште една потврда за нивната грижа и разбирање за проблемите со кои се соочува, но истовремено и искрена почит за трудот на чесниот македонски земјоделец!, напиша Димовски.
Да се памти овој однос на пратениците, да не се заборави лицемерието и дволичноста на оние кои постојано манипулираат и го лажат чесниот земјоделец, но и да не се заборави вниманието, грижата, чесноста и искреноста на народните опозициски пратеници и Коалицијата „Обнова на Македонија“ кон сите земјоделци! Ќе дојдат подобри времиња кога заедно ќе ги поставиме земјоделските политики и заедно, како што тоа секогаш го правевме, ќе ги решаваме сите земјоделски проблеми!, вели тој.