Неколку лица се повредени во директен судир меѓу два воза во близина на Хилерод, 40 километри северно од данската престолнина Копенхаген, утрово.

– Два локални воза се судрија директно. Има повредени патници. Сите излегоа од возовите, па затоа никој не е заробен – изјави портпаролот на противпожарната служба на поширокото подрачје на Копенхаген.

Ројтерс објави дека најмалку 17 лица се повредени, од кои четворица се во критична состојба.

Данскиот јавен радиодифузен сервис DR објави, повикувајќи се на полицијата, дека се верува дека се повредени меѓу пет и десет лица.

АП известува дека големата железничка несреќа предизвикала масовна итна реакција.