Центарот за државни испити штрајкува. Бараат покачување на платите не помалку од 30%. Доколку нивното барање не наиде на слух во Министерството за финансии, како што е досега, претседателката на синдикатот на овој центар најави дека ќе бидат прекинати сите процеси кои се под надлежности на оваа институција, вклучувајќи ја и државната матура.
Министерот за образование, Јетон Шаќири, апелира вработените да не го користат моментот на државна матура за постигнување на нивните цели.
Претседателката на синдикатот на Државниот испитен центар вели дека досега се покачени само платите на тие кои се на пониски функции, значи тие кои имале минимални плати и сега се во состојба кога се изедначени платите на 11 вработени од вкупно 29.