Коритото на Маркова Река во делот на општина Аеродром е претворено во мега депонија, а водата е загадена, најверојатно од перење на песок и други минерални суровини, од сопствениците на сепарации долж течението на Маркова Река, обвинува Дејан Митески од ВМРО-ДПМНЕ.

-Еколошка катастрофа најблаго речено е тоа што изминативе неколку години се случува со Маркова Река, вели тој.

Во отсуство на реакција од надлежните, депониите, кои може да се забележат на фотографиите, се таложат и зголемуваат секојдневно.

 

На фотографиите и видеата може да се забележи дека најчесто шут и отпад, организирано носен од страна на градежни компании, кои неспречени од никого, без грам совест, ја уништуваат природата.

-Маркова Река и овие депонии се само на неколку километри од центарот на Скопје, но толку далеку да надлежните не можат да видат што се случува. Еколошка бомба му се заканува на Горно Лисиче и потребна е итна реакција, пишува Митевски.