Во Еспресо со Златев и Боцевски разговаравме со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кој доби меѓународна функција од Парламентарното Собрание на Советот на Европа каде е член, но од сега ќе биде и известувач за Босна и Херцеговина. Со ова Николоски станува првиот Македонец кој ќе ја оценува работата на друга држава.