На видео објавено на социјалните мрежи се гледа експлозија која наводно се случила на железничка станица во градот Џанкоја на Крим каде се наоѓале моќни руски проектили со голем домет. Нападот бил извршен со дронови.

Украинските безбедносни сили соопштија за нападот без да потврдат дали Украина стои зад нападот.

-Продолжуваат подготовките за деокупација на Крим, стои во соопштението на украинските безбедносни сили.

Градоначалникот на Џанкоја каде одекна експлозијата изјави пак дека цел на нападот бил станбен блок. Еден маж е повреден и префрлен во болница, соопштија руските власти.