ФБИ ја истражува експлозијата на возило на американско-канадската граница како обид за терористички напад, објави „Фокс њуз“. Две лица во возилото загинаа, а еден граничен службеник е повреден, пренесе СДК.
Експлозијата се случи на мостот „Реинбоу“ на американската страна од границата близу водопадите Нијагара, што доведе до затворање на уште четири гранични премини во таа област.
„Канада размислува да преземе дополнителни мерки за да ги заштити своите гранични премини. Засега е прерано да се каже што е причината за експлозијата. Би било неодговорно да шпекулираме, но ова е многу сериозна ситуација“, изјави канадскиот премиер Џастин Трудо.
BREAKING: A CAR BOMB WAS DRIVEN INTO A CHECKPOINT THE US CANADA BORDER. ALL WESTERN NY AIRPORTS ON LOCKDOWN pic.twitter.com/vXdWBUCOHg
— TRACKER DEEP (@tracker_deep) November 22, 2023
Еден американски функционер изјави дека возилото се движело со голема брзина пред да удри во столб, по што експлодирало.
„Експлозијата би можела да биде резултат на судирот, а можеби е нешто друго. Возилото се движело од Канада кон САД“, изјави тој.