Руското Министерство за одбрана соопшти дека по предавањето на последните украински војници целосно ја ослободило фабриката за челик Азовстал во Мариупол. Објавено е и видео на кое се гледа предавањето на последните украински борци од Азовстал.
На видеото се гледа како руски војници ги проверуваат украинските борци. Некои од борците ги покажаа своите тетоважи пред камера на барање на руските војници.
Портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенко изјави дека 2.439 украински припадници на одбраната се предале во фабриката за челик Азовстал од 16 мај, а последните 500 во петокот.
Украина се надева дека ќе може да ги замени војниците на Азовстал со руски затвореници, иако неколку високи руски политичари побараа да им се суди, а еден дури повика на егзекуција.
Во видео изјава, командантот на баталјонот Азов, Денис Прокопенко, рече дека цивилите и тешко ранетите украински војници се евакуирани од фабриката. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека украинските борци ќе бидат третирани во согласност со меѓународните норми за воени заробеници.
Украинскиот претседател Владимир Зеленски најави предавање на борците од Азовстал. Тој истакна дека на борците кои биле во опколениот Азовстал им било кажано да излезат и да си ги спасат животите.
„Момчињата во петокот добија јасен сигнал од воените команданти дека можат да излезат и да спасат животи“, рече Зеленски на украинската телевизија, пренесува Би-Би-Си.
⚡ The day has come: Mariupol and the Azovstal’ steel plant are completely liberated by the Allied Forces of Russia, DPR & LPR.
The last group of the Azov battalion Neo-Nazis and Ukrainian servicemen surrendered – over 2400 militants laid down arms. pic.twitter.com/KWuhzAub7r
— MFA Russia 🇷🇺 (@mfa_russia) May 20, 2022