Натпреварот меѓу Вардар и Шкупи од плеј-аутот на Првата македонска кошаркарска лига беше обележан со физичка пресметка меѓу членовите на двата тима.

По вербална расправија меѓу стручните штабови на Вардар и Шкупи, конфликтот прерасна во физичка пресметка. Во тепачката се приклучија и останати членови од двете екипи.

И покрај инцидентот, ситуацијата беше смирена без потешки последици.

Во спортски дел, кошаркарите на Вардар ја забележаа својата прва победа сезонава. Тие славеа со резултат 87-85 над Шкупи, по драматична завршница во која Христијан Настовски постигна клучни поени во последните секунди.

Натпреварот заврши со драматична завршница, но инцидентот во првиот дел ја одбележа оваа средба во плеј-аутот.

 

Извор: Курир