Фоњини, наводно, го опцул линискиот судија, поради што е дисквалификуван за време на вториот сет против Шпанецот Бернабе Сепате Мираљеса.
Италјанецот кратко по натпреварот наведе дека обвиненијата против него биле лажни и е неправедно дисквалификуван.
– Плаќам за нешто што не направив, наведува Фоњини.
И неговиот противник со кого се натпреваруваше призна дека не слушнал пцовски од страна на Италијанецот, инаку познат по неговите испади.
-Не го навредив линискиот судија. Бев фрустриран, но разговарав со себе. Се колнам во моите деца, кои ми се најскапоцената работа на светот, изјави Фоњини за италијанскиот„ Кориере дело Спорт “.
Ay Fognini, Fognini…
Descalificado hoy en el @bcnopenbs por abuso verbal. Perdía 0-6 4/4 contra el español Zapata Miralles. pic.twitter.com/vVWoOqHALV— Danny Miche (@dannymiche) April 21, 2021
Италијанецот додаде дека треба да му се верува затоа што е професионалец на АТП турнејата околу 20 години.