Фудбалски топки наместо камења и пиротехника – така дел од младите демонстранти во Тирана го изразија незадоволството од албанската влада на вчерашниот протест пред зградата на Владата. Со оваа симболична акција тие им упатуваа порака на полицајците распоредени пред институцијата, додека толпата повторно бараше оставка од премиерот Еди Рама.
Според извештаите на албанските медиуми, демонстрантите шутирале топки кон полицискиот кордон, во знак на иронија и протест против владините политики. Бидејќи станувало збор за фудбалски топки, а не за оружје, акцијата поминала без апсења.
Протестот главно се одвивал мирно, за разлика од претходните демонстрации, на кои имаше поголеми тензии. Граѓаните и младите повторно го повикаа Рама да се повлече од премиерската функција.
Антивладините протести во Албанија започнаа во мај, поттикнати од контроверзниот проект за туристички недвижности на албанскиот брег, поврзан со Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп. Со текот на времето, незадоволството се прошири и на други прашања, пред сè на обвинувањата за корупција во власта.
🇦🇱 Albanian protesters are attacking police with soccer balls outside the prime minister’s office. https://t.co/Luhgz5mSVX
— kos_data (@kos_data) November 15, 2026
