„Нашата цел во Центар е не само преку новите паркови и јавните зелени површини да го зголемиме зеленилото туку и ќе го подобриме квалитетот на воздухот. За таа цел ќе бидеме силно посветени и на субвенционирање на енергетско ефикасни фасади. Така не само што ќе го освежиме ликот на општината туку ќе поттикнеме еколошко греење. Нашиот план е и поставување на фотоволтаични панели на покривите на јавните објекти и инвестирање во алтернативните извори на енергија. А преку вело-мрежата и затворање на „Боемска 2“ и „Орце Николов“ стимулираме зголемено користење на велосипеди и тротинети“, изјави Герасимовски.

Герасимовски потсети дека општина Центар во изминатите четири години силно вложуваше во ново зеленило. Општината за само четири години доби 5.200 садници и 53.700 м2 квадратни реконструирани паркови и преку ревидирање на 9 ДУП-ови заштити 14 000 м2 зеленило. Воедно општина Центар е првата општина која воведе обврска за 20% зеленило во градежна парцела и обезбедување задолжителни паркинг места за станарите. Герасимовски рече дека ова е сигурен доказ за плановите на СДСМ. Според Герасимовски Општина Центар ќе стане европска општина, со зелени паркови и зелени јавни површини.

„Време е тротоарите да ги ослободиме за велосипеди, мајки со колички, пешаци, време е да дишеме квалитетен воздух и да имаме зеленило каде ќе одмориме. Време е Центар да го заслужи својот вистински назив, затоа да гласаме за бројот 12, за Најдоброто за Центар“ порача Герасимовски.