Голем пожар беснее во близина на Александруполи, главниот град на областа Еврос во провинцијата Тракија на североистокот на Грција, кој избувна во раните утрински часови во саботата.
Пожарот се прошири поради силниот ветер што дува во околината, веќе втор ден беснее без контрола, а малку понатаму во Пефка и Етохорија од огнената стихија уништени се девет куќи.
Противпожарната служба соопшти дека ветерот повторно се засилил утринава околу седум часот и дека предниот дел на пожарот се движи во правец на Лутро и Агнадија, пренесува Прототема.
Во саботата напладне пожарот ја зафати областа Игнација Одос, каде сообраќајот беше рано запрен и продолжи да се движи кон југозапад под влијание на североисточниот ветер од шест до седум бофори (од 40 до 60 километри на час).