Градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев, призна дека тој наредува кој и каде ќе добие работно место во градот.
„Градоначалникот на Кочани, денес во емисија, со признание дека во Кочани лично тој наредува кој да се вработи!“, напиша на Твитер пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ од овој град, Миле Лефков.
Канидадите за градоначалници на СДСМ, Николчо Илијев и Љупчо Папазов на ВМРО-ДПМНЕ има предизборно соочување во емисијата „Студио 10“ на ТВ 24.
-Првиот директор кој поднесе оставка, јас ја држев во фиока и дојде ми кажа дека не сака повеќе да биде, имал контроли. Човекот беше дојден од друго училиште, замислете мојата доблест до каде отиде, со неговата оставка тој остануваше без работа. Јас, еве прашајте го човекот, наредив да му се најде работно место, па му ја прифатив оставката. Тоа е мојата доблест, истакна тој.
Градоначалникот на Кочани, денес во емисија, со признание дека во Кочани лично тој наредува кој да се вработи!👇👇#ОЈО #ДКСК #ПрашајтеГоЧовекот #ЈасНаредив pic.twitter.com/E1rD3GboxQ
— Mile Lefkov (@LefkovMile) October 4, 2021