Тој, сподели видео од новиот лик на овој дел од Скопје и порача дека овој проект е изведен, како што вели, по најсовремени стандарди за квалитет, со нови инфраструктурни решенија за безбедност во сообраќајот и воведување нови „смарт“ решенија за паркирање.

Во првите IV фази од реконструкцијата на Орце Николов ги намаливме коловозните површини; ги зголемивме пешачките и велосипедските патеки; ги ослободивме јавните површини од нерезидентните паркирани возила; воведовме резидентен паркинг; поставивме нов систем за модернизација на јавното осветлување и изградивме кружен тек на најкритичната точка на улицата, со што овозможивме смирување на сообраќајот и намалување на сообраќајните незгоди во овој дел, вели Богдановиќ.

Тој додаде дека е горд што денес „Орце Николов” има модерен лик и претставува улица што ги стимулира пешачките токови и алтернативниот сообраќај, улица со ослободени јавни површини за слободно движење на граѓаните, улица со нови услови за лицата со инвалидитет и безбедна сообраќајница за сите учесници во сообраќајот.