Во центарот на британската престолнина денеска се одржува голем протест на националистички групи кои се изјаснија против исламизацијата на Велика Британија и против политиката на примање мигранти од исламските држави. Настанот предизвика силна полемика во јавноста и беше проследен со судири со контрапротестите.
Присутните демонстранти ја критикуваа владата поради сместувањето на илегални мигранти во хотели на државен трошок, што предизвика бројни реакции во британското општество. Дополнителен повод за незадоволство беше и именувањето на новата министерка за внатрешни работи, која положи заклетва на Куранот.
Маршот доведе до судири меѓу учесниците и групи исламски активисти, како и антифашистички организации кои се спротивставија на националистичките пароли. Според медиумите, полициски сили беа распоредени за да го контролираат редот, додека тензичната атмосфера во главниот град останува висока.