Демонстрантите поминаа покрај полициски кордон поставен пред агенцијата со намера да упаднат во неа, но се откажаа. Тие се упатија кон центарот на Лондон и се собраа пред Музејот на науката, каде се случија судирите со полицијата.
– Голем број демонстранти употребија насилство врз полицијата. Четворица наши припадници се повредени за време на судирите, соопшти лондонската полиција, додавајќи дека “тоа е неприфатливо” соопшти полицијата.