Тој во објавата на својот фејсбук профил напиша:
-ВМРО – ДПМНЕ не му дозволуваше на Костадин Костадинов, по наредба на Зоран Заев шверцерски и незаконски да си ја предложи партиската другарка Цветанка Иванова за Уставен судија. Понатаму Костадин може да кажува што сака, но ние со сите сили ќе се бориме да го спречиме силувањето на Собранието од страна на СДС.
Она што се случуваше на Комисијата за избори и именувања е ништо друго туку уште една потврда за тоа како работи власта на СДС, шверцерски и кршејќи ги сите правила само да ги задоволи каприците на партиските послушници, сето тоа проследено со брутално кршење на парламентарната демократија и ускратување на правото за процедурално, а бевме и изземени од материјал за точките на дневниот ред.
Уставниот суд, кој треба да биде главниот браник за зачувување на уставниот поредок на Република Македонија е претворен во партиски огранок на СДС и нивна алатка која ќе носи одлуки по нивна желба.
И ниту еден спин и извртување на работите кои ќе се пласираат од кујната на Бихаќка веќе не поминува во јавноста.
Прочитани се и за ова ќе има одговорност!
Погледнете го и видеото: