Протестите во главниот град на Тирана ескалираа вчера, кога демонстранти ја запалија поранешната вила на некогашниот комунистички лидер Енвер Хоџа

 

Протестите во главниот град на Тирана ескалираа вчера, кога демонстранти ја запалија поранешната вила на некогашниот комунистички лидер Енвер Хоџа.

Според албанските медиуми, претходно дошло до судир меѓу демонстрантите и полицијата, по што дел од насобраните се упатиле кон објектот што некогаш служел како резиденција на поранешниот диктатор. Во текот на инцидентот била фрлена запалива материја, по што избувнал пожар што предизвикал значителна материјална штета.

Полицијата интервенирала за да го стави огнот под контрола и да ја растера толпата. Засега нема официјални информации за повредени, но неколку лица биле приведени.

Протестите во Тирана траат веќе неколку дена и се насочени против актуелната власт, со обвинувања за корупција и лошо управување. Властите повикаа на смирување на тензиите и најавија мерки против сите што учествувале во насилствата.

На социјалните мрежи се шират видеа на кои се гледа густ чад и пламен над вилата, додека демонстрантите извикуваат пароли. Ситуацијата во градот останува напната, а безбедносните сили се распоредени на повеќе локации.