Воздушна поддршка во гаснењето на пожарот кај Николич

Хеликоптер од утринските часови е вклучен во гаснењето на пожарот што се шири над селото Николич, во близина на Дојран. Од терен, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, информира дека се работи интензивно со цел истиот да биде ставен под целосна контрола.

На терен се ангажирани пожарникари од Гевгелија и Валандово, доброволното противпожарно друштво од Дојран, како и неколку тимови на ЈП Национални шуми.

  • „Очекувам за неколку часа овој пожар целосно да биде ставен под контрола, па можеби и изгаснат“, изјави Ангелов, додавајќи дека екипите ќе останат на терен и по гаснењето за да спречат повторно разгорување.

Се огласи и Стојанче Ангелов.

„Нашиот фокус денеска ќе биде гаснењето на пожарот во околината на Дојран над селото Николич. Овде има една сосема мала брана што хелихоптерот ја користи за полнење на вода и така дејствува врз овој тежок пожар, што се наоѓа на исклучително стрмен предел. Затоа го користиме хеликоптерот кој со кратки налети од три до четири минути брзо и ефикасно делува врз пожарот, кој во моментов има еден активен крак“, рече првиот човек на ДЗС.

„Ертрактор“ ќе интервенира над Самоков

Пожарот кој беснее над фабриката Самоков во општина Македонски Брод е оценет како покомплициран. За него денеска е ангажиран еден „ертрактор“, авион на Дирекцијата за заштита и спасување.

  • „Иако станува збор за посериозен пожар, верувам дека ќе биде изгаснат во текот на денот“, посочи Ангелов.

Ваквите пожари, поттикнати од високите температури и ветровите, се сериозен предизвик за службите, но мобилизацијата на воздушна и копнена поддршка влева надеж за стабилизирање на состојбата.