Имено, Деп го најави документарниот филм во режија на Слободан Иветиќ во друштво на најпознатиот српски сценограф Миљен Крековиќ Крека:

– Је*и га! Хајде да се напијемо, изговорил холивудскиот актер на српски јазик и со тоа ги воодушеви присутните, но и оние што ја гледаа оваа објава.

Освен Џони Деп, во оваа остварување ќе зборуваат и режисерот Бери Левинсон, продуцентот Мати Лешем, како и кинематографот Виторио Стораро.

Филмот премиерно ќе биде прикажан на овогодинешниот ФЕСТ, на 16 мај.