Две момчиња од Битола, Даниел и Филип, вчера спасија куче од расата „златен ретривер“, извлекувајќи го од надојдените води на битолската река Драгор.
Двајцата храбри млади луѓе се спуштија по лизгавиот мост во водите на реката и со заеднички сили успеаја да го качат на мостот исплашеното, а прилично крупно куче. Во спротивно, кучето, немаше како да излезе од реката со соѕидано камено корито и сигурно ќе настрадаше во водата.
Нивниот повиг наиде на бројни реакции на одушевување од граѓаните, а видеото објавено од профилот „Бабам Битола“ нашироко се споделуваше на социјалните мрежи.
