Македонија го запиша и вториот пораз на ЕУРО со што ги загубивме сите шанси за пласман во следната рунда, Украина не совлада со 2-1, со головите на Јармоленко и Јаремчук во првото полувреме, погодија во 29 и 34 минута.
Нашата селекција одигра подобро второ полувреме, изнудиме пенал по прекршокот врз Пандев, а Алиоски од втора намали на 2-1 во 57 минута.
За одбележување е и пеналот за Украина кој го одбрани Димитриевски во 83 минута, шутираше Малиновски.
По мечот навивачите на фантастичен начин ги поздравија играчите и покрај вториот пораз на ЕУРО.
Извор: Дриблинг.мк