Имал скриен букнер во камион: Запленети 5.050 штеки цигари на ГП Стар Дојран
На граничниот премин Стар Дојран се запленети вкупно 5.050 штеки цигари и електронски цигари, при што од слобода е лишен српски државјанин, соопшти полицијата.
Апсење при обид за излез од државата
Инцидентот се случил вчера, на 11 јануари 2026 година, во 17:53 часот, на излез од државата. Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Стар Дојран, во координација со царински службеници и припадник на Фронтекс, го лишиле од слобода М.Г. (56) од Србија. Тој управувал товарно возило „ман“ со полуприколка „шмитц“ со српски национални ознаки.
Откриен фалсификуван број и скриен бункер во камион
При граничната контрола било утврдено дека WIN бројот на полуприколката во сообраќајната дозвола е фалсификуван. По извршен детален преглед на полуприколката, со помош на специјален уред – ендоскоп, бил откриен скриен бункер во камион. Во него се пронајдени вкупно 5.050 штеки, од кои 800 штеки цигари и 4.250 штеки електронски цигари.
Кривични пријави за фалсификување и криумчарење
Против М.Г. ќе бидат поднесени кривични пријави по член 378 – „фалсификување исправа“ и по член 278 – „криумчарење“ (акцизна стока) од Кривичниот законик.
