Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Кавадарци, Митко Јанчев на прес-конференција најави дека Кавадарци ќе стане европски град.
Во целост ви го пренесуваме денешното обраќање на Митко Јанчев:
Изборната програма содржи над 180 проекти кои што се од огромно значење за сите кавадарчани.
Заедно со кандидатите за советници, денес ќе презентираме неколку проекти:
· Изградба на дом за стари лица, кој што ќе има за цел згрижување, сместување, нега и медицинска третман на згрижените лица од тиквешкиот регион.
· Обезбедување на помош и нега на стари лица, проект кој опфаќа помош и нега во нивните домови. Ќе се обезбеди помош во вршење на основи активности до 80 часа месечно.
· Уште еден проект кој би сакал да го најавам е проектот Е- Општина. Кој опфаќа комплетно онлајн креирање и плаќање на сите услуги кои ги нуди Општината. Односно барањата за јавно прометни површини, изводи од ДУП, елаборат за животна средина, барање за поставување на урбана опрема, барање за сечење и кастрење на дрва, комплетна евиденција, увид и онлајн наплата на решенијата за данок на имот и комунална такса.
Сето ова ќе им биде од голема корист на кавадарчани, суштински и изводливите проекти кои ќе ги оствариме заедно со советничката листа предводена од доктор Стојанче Рамов.
Да го задржиме континуитетот во општина Кавадарци. Да го сочуваме сето она што макотрпно го создадовме во изминативе четири години. Кавадарци на прво место, така и ќе остане. Кавадарци за сите. Број 7 за сите.