Очекувам од ЕУ да побараат од Грција и сите останати, доследно да ги применуваат конвенциите за заштита на основните човекови слободи и права, истакна неодамна при своето гостување во „Неделен брифинг“ на Инфомакс пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.

-Јас искрено очекувам од Европската Унија и од луѓето кои што се во врвот во политиката таму дека, порано или подоцна ќе побараат од Грција и од сите останати, доследно да ги применуаат конвенциите за заштита на основните човекови слободи и права. Ние не бараме ништо туѓо, ние бараме да биде признаено нашето и сопственото, рече Јанушев.