Првата група македонски олимпијци пристигнаа во Јапонија каде нивен домаќин за претстојната летна Олимпијада и параолимписките игри е Чигасаки, град со околу 250.000 жители оддалечен 50 километри јужно од престолнината Токио.

– Се надевам дека ќе го продолжиме пријателството отсега натаму Се радувам на посетата на македонскиот народ на Чигасаки. Граѓаните на Чигасаки и јас лично ќе навиваме за македонските олимпијци. Напред Македонија“, порача градоначалникот на Чигасаки, Хикару Сато, во специјалното видеообраќање од „македонската олимписка соба“.

Успешен настап на олимпијците под македонското знаме им посакаа и заменикот градоначалник на Чигасаки, Коџи Киши, како и претседателот на локалниот Организациски комитет Хироши Ишида.

Македонската олимписка експедиција за Игрите во Токио брои осум спортисти, кои ќе се натпреваруваат во седум дисциплини.

Настап под македонското знаме на Олимписките игри изборија пливачите Миа Блажевска – Еминова и Филип Деркоски, таеквондистот Дејан Георгиевски, атлетичарот Јован Стојоски, каратистката Пулексенија Јовановска, џудистката Арбреша Реџепи, стречалот Борјан Бранковски и борачот Могамедгаџи Нуров.

Македонски знаменосци на свеченото отворање ќе бидат Реџепи и Георгиевски.

Први од македонските олимпијци ќе настапат Дерковски и Бранковски на 24 јули, а ден подоцна на олимиската арена ќе настапи Реџепи.